СЕРИЈА А 2019/20

Кулушевски го одбил Интер поради тактиката на Конте

Швеѓанецот решил да ја прифати понудата од Јувентус и да го одбие Интер само поради начинот на игра по кој се разликуваат двата гиганта.

Во интервју за La Gazzetta dello Sport младиот шведски репрезентативец одговараше на многу прашања, а беше запрашан и дали помеѓу Интер и Јуве го одбрал тимот на Маурицио Сари само поради тактиката.

„Токму така. Со Конте движењата на теренот со поинакви во тактичка смисла и јас се двоумев поради тоа. Сари беше пријатен, направи да се чувствувам добро. Го знаев неговиот тим во Челси и начинот на кој играше. Тоа е уште една причина поради која го одбрав Јувентус“, вели Кулушевски.

Потоа Дејан потпиша и договор со „Старата Дама“, па го раскажа првиот ден кога дошол на „Алијанц“ стадионот во Торино.

„Колку само возбудлив ден беше тогаш на стадионот, уникатна атмосфера. Роналдо ми рече 'Добредојде Дејан, како си?', а Буфон и Кјелини беа исто така пријатни со мене. Тоа беше неверојатна радост за дете кое само на ТВ ги имаше гледано“, раскажува тој.

Натурализираниот Швеѓанец, кој всушност е Македонец кој упорно ги одбиваше повиците на селекторот Игор Ангеловски за да игра за Македонија, вели дека не со Кристијано Роналдо, туку со Пауло Дибала едвај чека да заигра на теренот во црно-белиот дрес.

„Едвај чекам да се поврзам со Дибала и неговата магична лева нога. Во секој случај, сега знам како да играм на повеќе поизиции и планирам да да си обезбедам место и во Торино“.

Пред Кулушевски да ја почне авантурата во Јуве, ќе треба прво да ја заврши својата обврска во Парма каде е на позајмица до крајот на сезоната.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more
 

Спорт

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе