УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Кулушевски: Никогаш нема да го заборавам овој гол

Дебитантскиот гол во Лигата на шампионите за Дејан Кулушевски вечно ќе стои во неговата меморија, а згора на тоа се работи за гол кој ја донесе победата на неговиот тим.

Јувентус синоќа се намачи со руски Зенит, но успеа да дојде до драгоцени три бода и тоа со гол на четири минути пред крајот. Зенит одолеваше, имаше 0:0 во Сант Петербург и бод в џеб, но тогаш на сцена стапи Кулушевски и го одлучи победникот.

„Сѐ додека сум жив нема да го заборавам овој гол. Тоа е мојот деби гол во Лигата на шампионите, првиот кој го постигнав сезонава, а беше и со глава!“, вели Дејан во изјава за клупскиот ТВ канал.

Remote video URL

Македонецот кој настапува за Шведска влезе од клупата за резерви во 58. минута на местото на Федерико Бернардески, а голот му го должи и на Матиа Де Шиљо чие прецизно нафрлување му кумуваше на погодокот.

„Ја видов топката како скривнува на својот пат и се исплашив дека ќе заврши вон голот. Ова е многу важна победа за тимот и воедно важен гол за мене. Влегов од клупата за да направам разлика. На почетоков имав потешкотии, но се обидов да бидам на вистинското место во вистинското време“, додаде тој за Amazon Prime Italia.

„Игравме многу лошо во и првото и во второро полувреме, но силината на тимот е да се победи дури и кога играта е лоша“, заврши Кулушевски.

Со оваа победа Јувентус остана прв на табелата во групата Х каде со максимални 9 бода е пред Челси, Зенит и Малме.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе