Кум Џонг Ун: Нашата армија и народ секогаш ќе ја поддржуваат и охрабруваат праведната кауза на руската армија

Макфакс
/ 10.02.2025 / 11:30

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун рече дека САД и другите земји кои ја поддржуваат Украина во нејзината војна против Русија го продолжуваат конфликтот, додека напорите на Вашингтон да ги вклучи Киев и Москва во преговорите се чини дека се во полн замав. Клучниот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Ким, испратил повеќе од 11.000 војници за поддршка на руските сили од есента минатата година, според проценките на Украина, Јужна Кореја и западните земји.

Според Newsweek, севернокорејскиот лидер рекол дека САД и другите западни земји кои ја поддржуваат Украина „намерно“ ја продолжуваат војната во Источна Европа, според зборовите објавени вчера од државните медиуми. За време на посетата на Министерството за одбрана во Пјонгјанг, Ким рече дека овие земји „имаат нереален сон за стратешки пораз на Русија“.

Иако Кремљ ја мобилизираше својата одбранбена индустрија и насочи значителен дел од државниот буџет за вооружените сили, борбите уништија илјадници руски тенкови, оклопни возила и артилериски системи. Западните експерти се прашуваат колку долго руската економија може да го одржи сегашното ниво на трошоци за одбрана.

„Нашата армија и народ секогаш ќе ја поддржуваат и охрабруваат праведната кауза на руската армија“, рече Ким.

Украина зависи од помошта од Западот, а САД со години го обезбедуваат најголемиот дел од таа помош. Претседателот Доналд Трамп се врати на власт во ноември, ветувајќи дека ќе стави крај на војната во Европа за само 24 часа.

Иако сè уште не успеал, пишува Newsweek, Трамп започнал со напорите да ги собере руските и украинските лидери на преговарачка маса. Во саботата, тој за New York Post изјави дека разговарал со Путин, откако претходно во текот на неделата рече дека наскоро може да се сретне со Зеленски.

реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Свет

Орбан почна „антивоена турнеја“, се подготвува за избори во 2026 година

Read more

Убиство на градоначалник предизвика насилни немири во Мексико

Read more

Јужна Кореја гради флота од нуклеарни подморници со помош на САД

Read more

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Читај повеќе
  • filter

Орбан почна „антивоена турнеја“, се подготвува за избори во 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Убиство на градоначалник предизвика насилни немири во Мексико

Читај повеќе

Јужна Кореја гради флота од нуклеарни подморници со помош на САД

Читај повеќе

Денеска сончево, од утре голема промена на времето

Читај повеќе

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе