Кумановец без повод бил физички нападнат од две лица кои со нож му нанеле телесна повреда.
На 11.05.2017 година, во 16:00 часот во на ул. „Моша Пијаде“,Куманово, Д.П. (23) без повод и причина физички бил нападнат од страна на лицата М.Т. (25) и М.П. (35), двајцата од Куманово. Притоа, М.Т. со нож му нанел на Д.П. исеченица на главата над левото уво. Д.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде по укажаната лекарска помош истиот бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.