Кумановец побегнал од затвор и ограбил златарница

СВР-Скопје, Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар и Бит Пазар, до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 31-годишниот И.С. од Куманово поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“ предвидено и казниво по чл.237 од КЗ на РМ. 

Имено, на 18-ти декември минатата година,  со намера да се стекне со противправна имотна корист пријавениот, инаку осудено лице кој се наоѓал на издржување казна затвор во КПУ затвор Куманово - отворено одделение во Крива Паланка, додека бил во бегство од затворот, извршил кривично дело разбојништво при што одзел 16 златни ланчиња, и се стекнал со противправна имотна корист од околу 375.190 денари.

Кривичното дело го извршил тој начин што откако дошол во златарата „Рубин“ во ГТЦ во Скопје им се заканил на вработените со пиштол, а потоа со истиот го скршил стаклото од изложната витрината каде бил изложен златниот накит, одзел 16 ланчиња по што го напуштил местото на настанот. По превземени мерки и активности утврдено е дека се работи за И.С.

На 5-ти мај годинава, пак, од страна на полициски службеници од ЕИД-МД во просториите на КПУ Затвор Куманово бил извршен разговор со пријавениот во кој тој го појаснил начинот на извршувањето на кривичното дело. Украдените златни ланчиња  на 19-ти декември минатата година во Куманово ги продал за 860 евра на лице од Тетово, а гасниот пиштол го фрлил во реката Вардар во Скопје, додека дел од гардеробата која ја носел при извршувањето на кривичното дело и патиките ги фрлил во контејнер.

По извршениот разговор, од страна на надзорниците од затворската полиција во КПУ Затвор Куманово, бил извршен претрес во ќелијата во кој е сместен пријавениот, при што била пронајдена една капа која истиот ја носел при извршувањето на кривичното дело.

На 13-ти мај годинава во ПС ОН Гази Баба, од страна на вработените од златарата  било извршено препознавање при што истите со сигурност го препознале пријавениот како лице кое со пиштол влегол во златарата Рубин и ги одзел златните ланчиња.

Инаку И.С. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, кривични дела против животот и телото, кривични дела против здравјето на луѓето како и кривични дела против јавниот ред.

На истиот од страна на СВР-Куманово досега му биле поднесени 43 кривични пријави за сторени кривични дела „кражба“, „тешка кражба“, „одземање на моторно возило“ и „тешка телесна повреда“, потоа од страна на ПС Крива Паланка поднесена му била една кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“, од страна на СВР-Охрид поднесена му била една кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“ и од страна на СВР- Скопје поднесени му биле пет кривични пријави за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „тешка кражба“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе