Кунг-фу гол
Тимот на Реал Солт Лејк од МЛС лигата синоќа ја оствари првата победа во плејоф од 2013 година, а голема улога во победата од 2:3 играа двата гола на Дамир Креилах.
Еден од головите против Лос Анџелес беше посебна сензација и потсети на потезите на Златан Ибрахимовиќ.
Креилах постигна легендарен гол со кунг-фу удар за кој уште долго ќе се зборува.