КУП НА МАКЕДОНИЈА 2023/2024 ФИНАЛЕ

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Филип Здравески
/ 20.05.2024 / 16:25

За прв пат на финалниот натпревар се пласираа екипи кои досега никогаш не се нашле во ситуација да играат натпревар за титула. Воедно, за прв пат Тиквеш и Воска Спорт преку овој натпревар ќе имаат шанса да излезат во Европа, поточно во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Фото: ФФМ

„Финалето на Купот на Македонија е нешто посебно, битката за пехарот несомнено е дека ќе биде спектакл. Тиквеш и Воска Спорт апсолутно заслужено се најдоа во финалето. Со своите настапи во досегашниот дел од ова натпреварување покажаа најмногу, ги минаа сите пречки, покажаа квалитет и сега ќе бијат битка за пехарот, но и за пласман во Европа“, велат од ФФМ.

Федерацијата денеска ги пуштри во продажба картите за големото куп финале. Може да се купат по цена од симболични 200 денари преку продажната мрежа на МКТickets. На денот на натпреварот билети ќе може да се купат и на билетарницата на Националната арена „Тодор Проески“.

ФФМ информнира дека во Кавадарци поддржувачите на Тиквеш можат да купат билети во „Street Café“, додека поддржувачите на Воска Спорт билетите во Охрид може да ги набават во Т.А. „Вис Пој“.

Кавадарчани веќе најавија дека ќе има инвазија на главниот град, а се организира и навивачката група Лозари.

И во таборот на охриѓани се организираат. Клубот најави бесплатен превоз и билети за сите поддржувачи.

Натпреварот в среда почнува во 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде Тиквеш и Воска Спорт ќе се соочат во финалето на 32. сезона на Купот на Македонија.

Судите се веќе познати. ФФМ за главен судија го назначи Александар Ставрев од Скопје, а ќе му помагаат Дејан Костадинов (Скопје) и Куштрим Лика (Кичево), додека четврти судија ќе биде Јован Качевски од Струга.

Во вторник со почеток во 12:00 часот во прес-салата на Арената официјална прес-конференција ќе одржат двата клуба. Како претставници на Тиквеш ќе бидат тренерот Ѓорѓи Мојсов и капитенот Александар Вареловски, а во име на Воска Спорт ќе бидат тренерот Срѓан Захариевски и капитенот Костадин Захов.

Досегашни победници:

5 – Вардар
4 – Работнички
3 – Македонија ЃП, Силекс, Слога Југомагнат
2 – Пелистер, Тетекс, Шкендија
1 – Академија Пандев, Башкими, Металург, Победа, Ренова, Цементарница 55

Патот до овогодишното финале: 

Тиквеш

1. коло: Арсими – Тиквеш 1:2
Осминафинале: Пелистер – Тиквеш 0:1
Четвртфинале: Тиквеш – Брера Струмица 1:1 (6:5 пен.)
Полуфинале: Шкупи – Тиквеш 0:0, 0:0 (3:5 пен.)

Воска Спорт

1. коло: Карбинци – Воска Спорт 0:10
Осминафинале: Воска Спорт – Струга 0:0 (4:1 пен.)
Четвртфинале: Брегалница – Воска Спорт 0:1
Полуфинале: Воска Спорт – Македонија ЃП 2:0, 1:2

реклама

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more
Ашер ѝ плати 1 милион долари на бившата оти ја заразил со херпес

Ашер ѝ плати 1 милион долари на бившата оти ја заразил со херпес

Read more
Да опстанеше Југославија, просечната плата ќе беше 736 евра и ќе бевме дел од ЕУ

Да опстанеше Југославија, просечната плата ќе беше 736 евра и ќе бевме дел од ЕУ

Read more
Атанасов: Детектиран тигрест комарец, нема регистрирано случаи на инфекција

Атанасов: Детектиран тигрест комарец, нема регистрирано случаи на инфекција

Read more

Фудбал

УЕФА го вклучи голот на Миовски во конкуренција за најдобар гол во првото коло

Read more

Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Read more

Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Read more

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

УЕФА го вклучи голот на Миовски во конкуренција за најдобар гол во првото коло

Читај повеќе

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Читај повеќе

Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната

Читај повеќе

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Читај повеќе

Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн се врати од повреда, Дончиќ брилираше, но Лејкерс доживеа дебакл дома

Читај повеќе

Федерика Брињоне испиша историјата во Светскиот куп

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија рутински мина во Лихтенштајн

Читај повеќе

Милевски ги одреди стартните единаесетмина за мечот во Вадуц

Читај повеќе