Попладнево во Куќата на фудбалот со жрепка беа одредени полуфиналните двојки во Купот на Македонија.
Фортуната одлучи во првото полуфинале да се пресметаат актуелниот прволигашки шампион Струга и сегашниот лидер на прволигашката табела, Шкендија.
Во второто полуфинале се паднаа двата т.н. аутсајдери во Купот, скопски Вардар и Брера Струмица.
Вардар - Брера Струмица
За разликата од останатите фази во Купот, во полуфиналето се играат два натпревара, односно дома и гости. Првите натпревари се закажани за 9 април, додека реваншите се закажани за 23 април.
Струга последен пат играше финале во 2023 година кога загуби од Македонија ЃП на пенали, на Брера Струмица последно финале ѝ беше во 2021 како Академија Пандев кога загуби од Силекс исто така на пенали, додека Шкендија последен пат играше финале во 2018 кога го освои Купот победувајќи го Пелистер со 3:0.
Вардар најмногу чека за финале, дури од 2007 кога со победата од 2:1 над прилепска Победа го освои петтиот куп пехар.