Бранителот Академија Пандев го доби Осогово, езерско дерби ќе играат Лабуништа и Охрид, а најголемата пресметка ќе биде помеѓу Вардар и Шкендија, можеби на хартија главните фаворити за трофејот.
Денешната жрепка за Купот на Македонија сакаше Вардар и Шкендија да се сретнат уште во осминафиналето. Еден фаворит дефинитивно прерано ќе ја заврши куп-авантурата оваа сезона.
Актуелниот шампион Академија Пандев се чини помина лесно, го доби второлигашот Осогово. Сѐ освен пласман на „пандевци“ во четвртфиналето би било сензација.
Амбиционазната Брегалница се падна со минатогодишниот финалист Македонија ЃП, а друга интересна пресметка помеѓу клубови од различен ранг би требало да е онаа на Пелистер и Работнички.
Езерско дерби ќе играат Охрид и Лабуништа. Лабуништа не се наоѓа на бреговите на Охридското Езеро, но тимот изминативе сезони како домаќин игра во Струга па оттаму се квалификува како езерски тим.
Академија Пандев - Осогово
Брегалница - Македонија ЃП
Шкупи - Силекс
Пелистер - Работнички
Тиквеш - Ренова
Лабуништа - Охрид
Борец - Струга
Вардар - Шкендија
Првите натпреварите се закажани за 25 септември, додека реваншите ќе се играат дури на 30 октомври.