HAPPY MONDAY - НАГРАДНА ИГРА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Купувајте со картичките Мастеркард од Шпаркасе Банка и освојте вредни парични награди

Шпаркасе Банка Македонија од денес ја започна Happy Monday, новата наградна игра за корисниците на дебитнитe и на кредитните картички Mastercard, со богат фонд на парични награди. Во периодот од 6 ноември до 31 декември клиентите на Шпаркасе Банка имаат можност да освојат дневни награди по 5.000,00 МКД, неделни награди по 50.000,00 МКД и главна награда во износ од 500.000 МКД за најсреќниот добитник.

Корисниците на картичките од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка учествуваат во наградната игра со секоја поединечна трансакција во износ над 300,00 МКД, направена на продажните места или преку e-commerce. Со секоја трансакција корисниците добиваат по една шанса за учество во наградната игра, што значи колку повеќе трансакции толку повеќе шанси за добивка.

Во извлекувањата ќе бидат доделени вкупно 56 дневни награди во износ од 5.000,00 денари во кои учествуваат сите трансакции направени конкретниот ден на кој се однесува извлекувањето, 8 неделни награди во износ од 50.000,00 денари во кои учествуваат сите трансакции направени во календарската недела на која се однесува извлекувањето и 1 добитник на главната награда во износ од 500.000,00 денари, коj ќе се извлече од сите трансакции направени во текот на наградниот период.

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија,  корисници на дебитните или на кредитните картички од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Главното извлекување на наградите ќе се одржи на 9.1.2018 год., со почеток во 12:00 ч., во просториите на Дирекцијата на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во присуство на комисија составена од нотар и од двајца официјални претставници од Банката. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор со помош на специјален софтвер изработен за таа намена.

За повеќе информации околу наградната игра Happy Monday, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk или најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 6.400 вработени и 500 експозитури и регионални центри опслужува околу 2,5 милиони клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Живот

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more
 

Магазин

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе