Купувате половен автомобил? Ова се знаците дека возилото било удрено

При купување автомобил на старо понекогаш е многу тешко веднаш да воочите некои знаци што укажуваат дека возилото било удрено.

Автомобилот можеби изгледа „како нов“ бидејќи актуелниот сопственик се потрудил да го „среди“, но удрено возило е удрено возило.

Научете кои се знаците кои „издаваат“ дека автомобилот бил удрен, а продавачот тоа не ви го кажал.

Боја на чудни места

Продавачот кој сака да ви сокрие дека автомобилот бил оштетен во судир најчесто ќе се потруди да ги скрие сите видливи штети и последици на каросеријата, но посетата на автолимар сепак ќе остави траги.

Ако бојата на некои места не се поклопува по сјај и текстура со бојата на остатокот од возилото, тогаш продавачот нешто крие.

Особено внимание посветете околу рабовите на вратите и браниците, бидејќи тоа се местата за кои треба повеќе време и пари за да се санира оштетувањето.

Ако забележите две различни нијанси на бојата на автомобилот за кој сте заинтересирани, секогаш прашајте го продавачот која е причината. Ако не ви даде задоволувачки одговор, не го купувајте возилото.

Деловите не се поклопуваат

Панелите на вратите, браниците и вратата од багажникот треба совршено да се порамнуваат со возилото, а сите растојанија да бидат еднакви и пропорционални едни со други.

Ако наидете на дел што не се поклопува или не е во иста рамнина со остатокот од автомобилот, посветете повеќе внимание на тој дел при инспекцијата.

Ако нешто не се поклопува, има причина за тоа, а најчесто причината е удар.

Напукнато стакло

Пукнатини на шофершајбната, особено ако се во аголот и потсетуваат на пајакова мрежа, може да бидат јасен знак дека автомобилот учествувал во судир.

Без разлика која е причината, ова е сериозен проблем што мора да се реши пред да го купите автомобилот.

Фарови

Речиси сите модерни фарови се направени од пластика. Иако тоа заштедува на тежина на автомобилот, денес на патиштата има сѐ повеќе автомобили со замаглени „очи“.

Ако кога го гледате возилото, едниот фар е побистар и почист од другиот кој е пожолт и замаглен, бидете внимателни бидејќи тоа може да биде знак дека возилото е удрено.

Во тој случај подигнете ја хаубата и погледнете под неа дали има траги на удар.

Проверете ги гумите

За ова ќе мора да се спуштите на колена и да се извалкате, но тоа е мала цена при купувањето автомобил. Ако шарата изгледа нееднакво, причината за тоа може да биде штета што ја претрпела шасијата и тркалата не биле порамнети.

Кога сте веќе таму, погледнете го долниот дел на возилото. Какви било промени на шасијата што отскокнуваат од остатокот може да бидат знак на прикривање некаков проблем.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе