Купувате половен автомобил? Следете ги овие пет златни правила

Оваа година низ светот се продадоа далеку помалку автомобили, и половни и нови. Побарувачката за нови возила стагнира најмногу како резултат на КОРОНА кризата, а и половните не се поштедени.

Ако сепак сте се решиле да купите возило на старо, ова се пет златни правила што ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.

Не купувајте „на слепо“

Автомобил не е обична стока што ја купуваме преку интернет. Карактеристиките не можат да се видат со голо око, па затоа фотографиите објавени на страниците за продажба на возила често ги збунуваат купувачите. Запознајте го продавачот пред да го купите возилото, а потоа тестирајте го автомобилот. Извршете го тестот во присуство на автомеханичар бидејќи тоа ќе укаже на можни проблеми кога станува збор за сопирачките, воланот, амортизерите и моторот.

Бидете внимателни со увезените автомобили

Намалената продажба на дизел возила предизвика драстични промени на пазарот на користени возила. Моделите што не наоѓаат купувач во Франција масовно се транспортираат во Централна и Источна Европа каде прописите за животната средина не се толку ригорозни. Спротивно на тоа, побарувачката за нови возила на бензин расте. Историјата на овие автомобили не може да се потврди со сигурност, па бидете внимателни.

Изберете докажани брендови

Во истражувањето објавено во 2016 година, скоро секој втор половен автомобил не бил купен од овластен продавач. Построгите контроли предизвикаа промена на состојбата на подобро во текот на изминатите четири години, но податоците остануваат алармантни. Истрагата на Организацијата за контрола на потрошувачи во Обединетото Кралство покажува дека се забележани голем број измами при купување од одделни трговци на мало. Ако одлучите да купите користено возило, прво погледнете автомобили од реномирани производители кои се овластени за овој вид продажба и вклучуваат гаранција, потекло и детали за услугата.

Проверете ја историјата на возилото

Првиот документ што треба да се побара е сервисната книшка. Таму треба да се заведени сите механички интервенции - посети на сервис, замена на масло, гуми, дискови, батерии, спојки. Ако продавачот ја нема сервисната книшка, побарајте го бројот на шасијата. Потоа контактирајте го производителот кој има пристап до националниот регистар. Ќе ги дознаете сите релевантни информации доколку се официјално регистрирани.

Внимателно со плаќањето

Измамата не се однесува само на состојбата на автомобилот. Има развиени стратегии за земање пари, а потоа продавачот исчезнува без трага. Едно истражување покажа дека дури третина од Французите кои купиле половен автомобил пријавиле измама. Околу 23% од купувачите на користени возила пријавиле скриен дефект, а 13% лажни информации од продавачите од кои го купиле возилото.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Авто новости

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Read more

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Read more

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Read more

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Read more
 

Автомобили

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе