Курти: Нема автономија за Србите, туку де факто признавање меѓу Косово и Србија

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека за Србите на Косово нема автономија ниту самоуправа, туку дека постои само де факто признавање меѓу Косово и Србија, пишува Kosovoonline, цитирајќи гo порталот Reporteri.

„За Србите во Косово нема автономија. Тие се граѓани на нашата република, а јас сум и нивен премиер. Членот 7 говори за соодветно ниво на самоуправа. Тоа значи дека се повикуваме само на рамковниот договор на Советот на Европа за заштита на националните малцинства. Нема самоуправа, има само де факто признавање меѓу Косово и Србија“, рече Курти.

Курти изјави и дека на Косово не може да има „привилегии на национална основа“.

„Не сум за дискриминација, угнетување, експлоатација или маргинализација на Србите. Ние Албанците цел век сме под српска власт, ништо слично нема да повториме, но исто така не можеме да имаме супермалцинство на Косово. Не можеме да имаме привилегирани луѓе по етничка или верска припадност, бидејќи привилегијата за некого станува дискриминација за некој друг. Затоа, ви гарантирам дека нема да има нетранспарентни решенија кои ја нарушуваат нашата уставност и републичкиот и демократскиот поредок“, нагласи Курти.

Тој додаде дека во текот на посетата на Тирана ги информирал лидерите на Албанија за процесот на дијалогот со Србија.

„Целта беше да се сретнам со албанските шефови на држави во средината на мандатот за да ги информирам за тоа каде е нашата влада, но посебно да ги информирам за процесот на дијалогот со Србија и договорот за нормализација, бидејќи има многу недоразбирања и погрешни толкувања. Сакав да ги информирам за напредокот на преговарачкиот процес и за други елементи, што е големо достигнување за нормализација на односите кои сега не се добри, иако Косово е нормална и демократска земја“, рече Курти.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе