Фудбал

Куртоа: Симеоне го напаѓа Реал бидејќи е најдобар клуб во светот

16. декември 2018 - 12:20 | МИА
Мадрид, 16 декември 2018 (МИА) – Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа одговори на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, кој изјави дека Белгиецот станал голман на годината на ФИФА само поради тоа што го носи дресот на „кралскиот“ клуб.

– Симеоне го критикува Реал, за да биде популарен меѓу навивачите на Атлетико. Тој секогаш прави така – го напаѓа Реал, бидејќи е најдобар клуб во светот. Се разбира, треба да се почитува мислењето на секој, но кога се критикува најсилниот клуб во светот, тоа е чист популизам, изјави голманот на „белите“.

Тој додаде дека ја добил за настапите на Светското првенство во дресот на Белгија и додека играл во Челзи, а гласањето завршило во јули.

– Јан Облак е исто така одличен голман, тој исто така можеше да добие повеќе поени, но многу луѓе учествуваат на гласањето, вели Куртоа.

Коментирај