Обезбедувањето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун помина неколку минути дезинфицирајќи го столчето на кое седеше Ким за време на неговиот самит со Владимир Путин.

Во видеото објавено од весникот, севернокорејски безбедносен службеник, облечен во бели ракавици, темелно го брише црниот стол наменет за Ким и го прска со неидентификувана супстанца, додека телохранителот кој работи за Кремљ збунето гледа.
Друг член на севернокорејското обезбедување дал некаква наредба на припадникот на обезбедувањето кој го дезинфицирал столот, но не се знае каква наредба.
„Се покажа дека столот е предметот што предизвика најголема загриженост кај севернокорејската страна“, изјави дописникот на Коммерсантъ, Андреј Колесников.
Обезбедувањето на Ким, кое се состоело од повеќе од 100 луѓе, се чини дека не било задоволно со првото столче кое било наменето за Ким, а второто, целосно идентично, го обезбедила руската страна, додава Коммерсантъ.