Тенис

Кузњецова против Кис во финалето во Синсинати

18. август 2019 - 11:05 | МИА
Синсинати, 18 август 2019 (МИА) – Светлана Кузњецова спречи Ешли Барти да се врати на првото место на светската ранг-листа.

Триесет и четиригодишната Кузњецова, учесничка со „вајлд-карта“, ја победи лидерката во шемата со 6:2, 6:4 и се пласираше во финалето на силниот турнир во Синсинати.

Поставената под број 16, Медисон Кис пак ја совлада својата сонародничка Софија Кенин во два сета – 7: 5, 6: 4. Кис се квалификуваше за нејзиното прво финале на тврди терени по УС Опен пред две години.

Коментирај