Фудбал

Квалификации ЛЕ: Работнички го победи Хонвед во Скопје

11. јули 2018 - 20:26 | МИА

Скопје, 11 јули 2018 (МИА) - Екипата на Работнички го совлада унгарски Хонвед 2:1 (1:1) на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје во квалификациите за Лигата на Европа.

Работнички поведе преку Петар Петковски, кој беше прецизен во 34-тата минута.
 
Гостите израмнија непосредно пред одморот, кога во 45-тата минута, Наѓ постигна гол од речиси триесетина метри.
 
„Романтичарите“ ја вратија предноста во 60-тата минута, кога погоди Николче Шаркоски, со што го постави и конечниот резултат.
 
Во финишот добра шанса пропушти Филип Петковски за поголемо водство пред реваншот во Будимпешта, кој е закажан за 17 јули од 18.00 часот.

Коментирај