Инспекциските контроли се заоструваат

Квалитетот на горивата во Македонија под лупа

Под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, потпишан е договор за соработка меѓу Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат. Договорот за користење на лабораторијата за тестирање на квалитетот на течни горива, има за цел заострување на контролите за квалитетот на течните горива и да обезбеди поголема сигурност за потрошувачите.

Договорот го потпишаа директорите на двете институции – Влатко Стојкоски од Државниот пазарен инспекторат и Седад Рушани од Бирото за метрологија, во присуство на министерката Сања Божиновска, со што ја формализираа соработката насочена кон поголема контрола и транспарентност во обезбедувањето на квалитетни течни горива.

„ Со овој потег, државата праќа јасна порака: неквалитетните горива немаат место на македонскиот пазар. Потрошувачите добиваат квалитет и сигурност, додека институциите покажуваат дека се посветени на повисоки стандарди и подобра заштита на јавниот интерес.“ истакна Божиновска.

Во изминатите пет години, и покрај склучените договори за соработка, беа реализирани незначителен број анализи на течни горива, а со овој договор се предвидува драстично зголемување на обемот на инспекциските проверки. Инспекциските тимови ќе ја користат лабораторијата за мострирање и тестирање согласно однапред дефинирани годишни планови, но и за вонредни инспекции.

,,Според планот за 2025 година, кој е составен дел од договорот, ќе се извршат дури 220 анализи на квалитетот на горивата, со што се поставуваат повисоки стандарди за усогласеност со македонските регулативи и стандарди“, истакна директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски.

„Со овој договор, Бирото за метрологија ја става својата лабораторија – мобилна и фиксна – во служба на инспекциските тимови. Лабораторијата е акредитирана за 26 методи на тестирање и ќе овозможи брзи и прецизни анализи на квалитетот на горивата директно на терен“, истакна директорот на Бирото за метрологија Седад Рушани.

Со користење на акредитираната лабораторија на Бирото за метрологија, инспекциските тимови ќе спроведуваат детални и брзи тестирања на терен, што ќе ја гарантира контролата на квалитетот и ќе испрати јасна порака дека неквалитетните горива немаат место на нашиот пазар.

Тагови
реклама

Ристовски за босанскиот фудбал: Не нè зае*авајте

Read more

„Смртта на Југославија“ – документарецот што сите го гледаа, а посакуваа никогаш да не беше снимен

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Read more

Денеска сончево, од утре голема промена на времето

Read more

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Сончево време со температури до 19°C

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

Читај повеќе
  • filter

Орбан почна „антивоена турнеја“, се подготвува за избори во 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Убиство на градоначалник предизвика насилни немири во Мексико

Читај повеќе

Јужна Кореја гради флота од нуклеарни подморници со помош на САД

Читај повеќе

Денеска сончево, од утре голема промена на времето

Читај повеќе

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе