Квалитетот на пакуваните минерални води прв пат во земјава ќе се испитува со најсовремена опрема

Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје во рамките на ИСО 17025 на почетокот на месецов со последната надзорна посета на Институтот за акредитација направи проширување во методите за тестирање.

Со тоа, како што соопшти ЈП Водовод и канализација, се зголеми бројот на акредитирани методи во делот на хемиските лаборатории во рамките на методата јонска хроматографија, анализа на земноалкални и алкални метали, алкалитет и дел од тешките метали со што се овозможува подетално утврдување на квалитетот на испитуваните примероци.

Од претријатието посочија дека проширувањето на методите во рамки на ИСО 17025, потврдено од ИАРСМ, создаде можности и услови покрај водоводите во земјата, контролата на своите производи да ја вршат и сите производители на пакувани минерални води во акредитираните лаборатории кои се дел од Секторот за санитарна контрола.

– Досега, со цел да одговорат на барањата на Агенција за храна и ветеринарство на РСМ, согласно Закон, производителите на пакувани води анализите ги правеа во лаборатории акредитирани во соседните земји (Србија и Грција). Отсега, со проширувањето на методите за тестирање, за прв пат во нашата земја сите водоводи и производители на пакувани и минерални води ќе го испитуваат квалитетот на своите производи во акредитираните лаборатории на ЈП Водоводи и канализација – Скопје. Испитувањата ќе се изведуваат со најсовремена опрема, преку склучување на годишни договори за соработка, посочи Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола.

Контролата организирана на овој начин, како што се истакнува, придонесува за исполнување на законските норми кои се предвидени во рамките на Законот за безбедност на храна 64/18, како и правилниците за безбедност на водата за пиење бр. 183/18 и на правилникот за пакувани и минерални води бр.184/18.

– Со оваа активност покажавме дека сме функционална лабораторија која го одржува ИСО 17025 на високо ниво со тенденција за негово постојано унапредување и можност за анализа на примероци од вода за пиење, површинска вода, сите видови на отпадна вода, како и пакувана минерална вода во областа на хемијата и микробиологијата согласно законските рамки на сите споменати видови. Исто така стоиме на располагање на државните органи и институции да ги ставиме во функција сите потенцијали за поквалитетен надзор и споведување на Законот во областа на водите како и соодветните директиви на советот на ЕУ кои се на сила или ќе се спроведуваат во периодот што доаѓа, додаде Петровска.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе