Квентин Тарантино работи на продолжение на „Django Unchained“

Во моментов режисерот Квентин Тарантино е во фокусот на вниманието поради неговиот најнов филм, „Once Upon A Time in Hollywood“, но нема намера да паузира, туку веќе работи на нов проект кој е продолжение на еден од неговите најпопуларни филмови.

„Once Upon A Time in Hollywood“ ќе се појави во киносалите во август оваа година, а критичарите кои добија шанса да го гледаат филмот на фестивалот во Кан беа восхитени од него и го нарекоа „едно од најдобрите дела“ на Тарантино.

Тарантино го напиша сценариото за стрип кој ги обработува случувањата на Џанго по филмот „Django Unchained“ од 2012 година, а сега работи на филмска адаптација на истиот тој стрип. Овојпат наместо во режисерска, тој ќе ја преземе само продуцентската улога, а сценариото за филмот ќе го пишува стенд-ап комичарот Џерод Кармајкл.

Филмот ќе продолжи да ги следи случувањата на ликот кој во оригиналниот филм го толкуваше Џејми Фокс, а во него тој ќе го сретне Зоро (да, ОНОЈ Зоро кој го глумеше Антонио Бандерас) и двајцата се договараат дека Џанго ќе му стане личен телохранител на Зоро. Името на филмот, колку и да звучи смешно, ќе биде „Django/Zorro“.

Плановите за овој проект започнаа уште во 2014 година, но студиото Sony не можеше да најде заеднички јазик со Тарантино бидејќи тие сакаа тој да го режира филмот, а тој инсистира дека сака да биде само продуцент. Доколку Квентин реши да го режира „Django/Zorro“, тоа ќе биде неговиот последен филм, поради тоа што тој одамна најавува дека ќе се пензионира по десеттиот филм.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе