Ла Лига го блокира трансферот на Нејмар

Шпанската фудбалска лига Ла Лига денеска соопшти дека одбила да ја прифати отштетата од 222 милиони евра, колку што како клаузула стои во договорот на Нејмар, а кои ПСЖ треба да ѝ ги плати на Барселона.

„Адвокатите на фудбалерот дојдоа во Ла Лига да ја платат клаузулата за откуп, меѓутоа тоа е одбиено“, рекол портпаролот на Примера.

Одбивањето на Ла Лига да ги прифати парите, веројатно, ќе го забави трансферот, но тешко е да се верува дека ќе може да го блокира.

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, пред неколку дена, во едно интервју истакна дека Ла Лига нема да ја прифати исплатата од страна на ПСЖ бидејќи со тоа потенцијално се кршат правилата на УЕФА и нејзиниот финансиски фер-плеј.

Нејмар вчера им соопшти на соиграчите од Барселона дека сака да го напушти клубот и дека добил дозвола од челниците да го направи тоа.

Доколку трансферот биде реализиран, тој ќе биде најголем во историјата на фудбалот, односно двојно поголем од минатогодишниот на Пол Погба, кога тој од Јувентус се пресели во Манчестер Јунајтед.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе