Ла Лига ја изрече казната за Атлетико за инцидентите што ги предизвикаа ултрасите на овој тим во Мадрилењо дербито против Реал Мадрид.

Дел од ултрасите на јужната трибина наседнаа на провокациите на голманот Тибо Куртоа, па почнаа да фрлаат со тврди предмети кон него.
Во следните три натпревари јужната трибина на „Сивитас Метрополитано“ ќе биде празна како казна за однесувањето дуелот против „Кралевите“.
Во прашање се околу 5.000 седишта и толку навивачи нема да можат да влезат на стдионот во наредните 3 натпревари.
Атлетико најави дека ќе ја обжали оваа одлука.