Ла Ниња се буди: Дали Европа ја очекува постудена зима?

Феноменот Ла Ниња најверојатно во наредните месеци ќе ја зафати западна и северна Европа и ќе донесе постудено време, се согласуваат метеоролозите.

Тие тврдат и дека веројатноста за оваа појава постепено се зголемува.

Шансата климатскиот феномен Ла Ниња да се случи помеѓу ноември и јануари е 83 проценти. Пред еден месец таа веројатност беше само 74 отсто, објави Американскиот центар за климатски прогнози.

Овој феномен може да предизвика суша во Калифорнија, Бразил и Аргентина, да донесе обилни дождови во Индонезија и Австралија - и што е најважно од наша перспектива ќе донесе постудено време во Европа.

„За зимата се предвидува блага форма на феноменот Ла Ниња, што генерално значи температури пониски од нормалните во Западна Европа, така што очекуваме посвеж период во ноември и декември“, вели Ендрју Педрини, метеоролог во Atmospheric G2.

Станува збор за океански и атмосферски феномен, што е постудена спротивност на феноменот Ел Нињо.

Овој феномен се карактеризира со пад на температурата на површинските води во источниот екваторијален Тихи Океан за 3 до 5°C и обично трае најмалку пет месеци.

реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Свет

Шпанците по прекинот на струја: Преживеавме пандемија, поплави, вулканска ерупција, сега и ова

Read more

Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневен прекин на огнот

Read more

Може ли Украина да се бори без американска помош?

Read more

Русија: Подготвени сме да го почнеме мировниот процес, без никакви услови, Украина не одговара

Read more
 

Вести

Adidas: Нашите патики ќе поскапат поради царините

Читај повеќе

Шпанците по прекинот на струја: Преживеавме пандемија, поплави, вулканска ерупција, сега и ова

Читај повеќе

Родителите на загинатите во Кочани на средба со Тошковски

Читај повеќе

Хрватска со нов закон за гробишта: Четничките споменици ќе бидат отстранети во рок од 30 дена

Читај повеќе

Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневен прекин на огнот

Читај повеќе
  • play_arrow

Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал, ќе ја затворел

Читај повеќе

Може ли Украина да се бори без американска помош?

Читај повеќе

Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа: Родителите на жртвите од Кочани бараат оставки и одговорност

Читај повеќе

Русија: Подготвени сме да го почнеме мировниот процес, без никакви услови, Украина не одговара

Читај повеќе