La Verita објави аудиоснимки од разговори меѓу Камчев и Боки 13

Скопје, 9 август 2019 (МИА) – Интернет изданието на италијанскиот весник La Verita утрово објави нови делови од снимката за исплатата на притвореникот Орце Камчев кон Бојан Јовановски (Боки 13) што во добар дел и се повторуваат од вчера пласираните аудио и видеоматеријали.

Денешната снимка содржи аудиозапис од разговор за кој се слушаат гласови што потсетуваат на оние на бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев и Боки 13, а во еден дел и вметната една реченица од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Нема видео за да се види каде и како се одвиваат разговорите.

Авторот на вчерашната и денешните снимки не познат, ниту како се снимани и кој ги дистрибуирал. Објавувач е новинарот Ларис Гајсер, познат по своите екстремно десничарски ставови и по блискоста со лица од европската крајна десница, како и со претставници на ВМРО ДПМНЕ.

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, кое го води предметот „Рекет“, не прецизираше дали им е позната вчера објавената снимка и дали ја имаат како доказен материјал. Јавниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за МИА нагласи дека видеоснимката не е од извори од Обвинителството и оти таа не може да ја загрози истрагата за „Рекет“. До колку дојде до судска постапка, според Јовески, доказите, меѓу кои и снимени материјали, Обвинителството ќе ги презентира како доказ.

Во врска со објавите се огласи и специјалната обвинителка Јанева, која вели дека е фрапирана како нејзините постапки се донесуваат во каква била корелација со случајот „Рекет“.

– Како специјален јавен обвинител моја обврска е да контактирам со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство и од сите нив да се обидам да извлечам што поголем број на информации, вели Јанева, додавајќи дека разговарала за зголемување на степенот на соработка со осомничените, за откривање на нови сознанија во корист на истрагата, но во никој случај и во ниеден момент не тргувала со никакво влијание, не ја злоупотребила својата функција и не постапувала спротивно на законот. – Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина, нагласува Јанева.

Владејачката СДСМ оцени дека објавувањето на снимка е дел од „однапред подготвено сценарио за ништење на правната држава и интеграциите во ЕУ и НАТО“ и изрази увереност дека тоа всушност само ќе ја забрза истрагата за „Рекет“ и ќе пропаднат очајничките обиди на саботажа на случајот или за нечие спасување.

Од друга страна, опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесе став дека снимката претставува „крунски доказ дека Јанева е институционалниот извршител на милионскиот рекет“, како и дека Боки 13 и Кичеец „се само пипките на криминалниот октопод на власта“. Според партијата, станува збор за „злосторничко здружување од судии, обвинители и политичари“.

Инаку весникот La Verita во изминатите неколку години важи за медиум близок до сегашната опозиција во земјата, како прв странски медиум кој пред еден месец информираше за „бомбата“ објавена на руски мрежи во која генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, наводно го мести победникот на тендерот за набавка на опрема за М-НАВ.

Ларис Гајсер, кој е Словенец со италијански пасош, претседател на Паневропското движење на Словенија и член на Претседателството на меѓународната Паневропска Унија, заедно со доскорешниот македонски амбасадор во Брисел и советник на поранешниот премиер Никола Груевски, Андреј Лепавцов. На парламентарните избори во 2011 година Гајсер беше кандидат на изборите за десничарската Словенечка народна партија (СЛС).

реклама

Измерени повеќе од 15.000 пениси: Кој е златниот просек?

Read more

Зошто авионите не летаат преку Тихиот Океан?

Read more

Седум предмети преку кои е најголема шансата да се заразите со корона

Read more

Катапулт поза: Повеќекратен оргазам за неа, дрска игра за него

Read more

Македонија

Премиерот не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Read more

Нови 640 случаи, 12 починати и 143 оздравени

Read more

Заев: Подобар договор со Бугарија не можеме да постигнеме

Read more

Заев: Нашиот пат кон ЕУ нема алтернатива

Read more

Вести

Премиерот не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Нови 640 случаи, 12 починати и 143 оздравени

Читај повеќе

Заев: Подобар договор со Бугарија не можеме да постигнеме

Читај повеќе
  • play_arrow

Обама: Трамп не може ни себеси да се заштити од коронавирусот

Читај повеќе

Заев: Нашиот пат кон ЕУ нема алтернатива

Читај повеќе

Родова (не)еднаквост: Само 47% од жените во светот имаат платена работа

Читај повеќе

Зимското сметање на времето почнува ноќта меѓу 24 и 25 октомври

Читај повеќе

Три медицински сестри од ГАК позитивни на COVID-19, а доктор и директорката се во самоизолација

Читај повеќе