СЕРИЈА А 2019/20

Лацио и Јуве остварија нови победи

Римјаните славе на гостувањето кај Торино, додека Јувентус победи кај Горан Пандев со што разликата помеѓу првите две екипи во Калчото остана иста.

Натпреварот на „Олимпико ди Гранде Торино“ почна лошо за Лацио бидејќи по само 4 минути игра најдобриот стрелец Чиро Имобиле играше со рака во шестнаесетникот и му подари пенал на Торино. Андреа Белоти успешно погоди од белата точка.

„Бјанкочелестите“ сепак после паузата направија целосен пресврт. Прво Имобиле се изваде за пеналот израмнувајќи на 1:1, а на 18 минути до крајот Марко Пароло го постигна победоносниот гол со што Лацио го задржа чекорот со водечкиот Јуве.

Remote video URL

На „Мараси“ во Џенова домашната екипа без Горан пандев во стартниот состав го пречека лидерот и 45 минути успешно му парираше. Но, пет минути во вториот дел Пауло Дибала ја нанижа домашната одбрана, а набрзо и Кристијано Роналдо се запиша во листата на стрелци.

Во 73. минута Доуглас Коста ја запечати победата на „Старата дама“, а три минути подоцна Андреа Пинамонти постигна почесен гол за Џеноа. Само минута подоцна нашиот Пандев влезе во игра.

Remote video URL

По ова 29. коло, кое ќе биде комплетирано денес и утре, останува разликата од 4 бода помеѓу водечките Јувентус и Лацио. Јуве има 72, додека Лацио 68 бодови. Торино е 14-ти со 31 бод, додека Џеноа е 17-та со 26.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе