Лацио ја победи Рома со 4:2, ама во погодени стативи
Неверојатни шест пати учесниците на римското дерби гаѓаа во стативите и пречките, а само играчите на Лацио ја имаа таа несреќа четири нивни удари да завршат во рамката од голот на Рома. Најмалер беше Николо Ѕаниоло кој двапати ја погоди истата статива.
Синоќа Лацио и Рома ги поделија бодовите играјќи 1:1 во натпревар кој лесно можеше да биде права голеада. Но, дури шест удари, 4 на Лацио и 2 на Рома, завршуваа во статива или пречка. Лукас, Ѕаниоло, Имобиле, Кореа, повторно Ѕаниоло и Пароло беа „прецизни“.