Лацио останува без клупскиот авион

Единствениот клуб во Италија кој има свој персонализиран авион не го продолжи договорот со приватната компанија од која го изнајмуваше истиот.

Бугарската приватна компанија Tayaranjet лани потпиша едногодишен договор со „Бјанкочелестите“ по што Лацио доби не само свој авион, туку и персонализиран во клупските бои и со клушското лого на самиот авион. Но, тој договор завршува во ноември, а клубот одлучи истиот да не го продолжи.

Лацио својот авион прв пат го искористи при ланското гостување кај Кротоне, околу 630 километри јужно од Рим. Во текот на целата преостаната ланска сезона Лацио на гостувањата патуваше со својот авион, како и на гостувањата од тековнава сезона.

Иако преговорите за нов договор со Tayaranjet не се прекинати, од самиот клуб не доаѓаат позитивни пораки. Првиот тим на гостувањата сезонава ќе продолжи да оди со друг превоз, најчесто со популарниот воз Фреча Роса кој го користат и останатите клубови. За подалечните натпревари ќе се изнајмуваат чартери авион од друга компанија.

Лацио беше првиот и засега единствениот италијански клуб со свој персонализиран авион, кој нажалост траеше само една година. Лани со многу помпа беше свечено означен првиот лет, но останатите клубови, а најмногу лутиот градски ривал Рома, со смеа го поздарвија потегот на Лацио шегувајќи се за староста на изнајмениот авион од бугарската компанија.

реклама

Најдобри во зодијакот - и астролозите бираат да им се родат децата во овој знак

Read more

Дали треба да ја пиете водата што отстоила преку ноќ во чаша?

Read more

Како изгледаат снимки на белите дробови од вакциниран и невакциниран ковид пациент?

Read more

Ќерките на Анџелина Џоли ја засенија актерката на црвениот тепих

Read more

Фудбал

Бекам станa амбасадор на СП во Катар, ќе заработи 150 милиони фунти

Read more

Солскјер не помислува на оставка: Многу направив за сега да се откажам

Read more

Куман едвај го напушти Камп Ноу: Навивачите го опколија и му ја удираа колата

Read more

Роналдо: Нашите навивачи заслужуваат многу подобро

Read more
 

Спорт

Бекам станa амбасадор на СП во Катар, ќе заработи 150 милиони фунти

Читај повеќе

Невакцинираните тенисери ќе може да играат на АО, дали Ноле ќе учествува?

Читај повеќе
  • play_arrow

Пуштете го Кајри да игра - навивачите на Бруклин се судрија со полицијата

Читај повеќе

Солскјер не помислува на оставка: Многу направив за сега да се откажам

Читај повеќе
  • play_arrow

Куман едвај го напушти Камп Ноу: Навивачите го опколија и му ја удираа колата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо: Нашите навивачи заслужуваат многу подобро

Читај повеќе
  • play_arrow

Инѕаги: Јуве само од пенал можеше да даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Ентони се погрижи за победа на Лејкерс и стана 9-ти стрелец во историјата

Читај повеќе

Газдата на Њукасл пречекан со транспарент: Треба да си терорист и убиец за да купиш англиски клуб

Читај повеќе