Лацио, политика, дрога: Кој беше убиениот лидер на навивачката група Иридучибили?

Фабрицио Пишители, попознат како „Дијаболик“, синоќа беше убиен со еден куршум во главата во егзекуциски стил. Имаше 53 години, а во минатото беше вмешан во разни судски процеси, дури и поврзан со мафијата од главниот град.

Пишители, водачот на „Иридучибили“

Популарниот „Дијаболик“ кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите стана главна фаца на трибината Курва Норд на „Олимпико“, а во исто време почна да се пробива и во светот на криминалот. За кратко време се промовираше како еден од водачите на „Иридучибили“, најекстремната фракција од тифозеријата на лацијалите. Под негово водство Курва Норд ја красеа најспектакуларните кореографии кои кулминираа со освојувањето на Скудетото во 2000. Потоа со паѓањето на Лацио во криза под Серџо Крањоти, Пишители почна да се меша и во работите внатре во клубот. Заедно со други ултраси застанаа зад Џорџо Кинаља кој сакаше да го купи клубот наместо Клаудио Лотито, но на крајот доби обвинение за перење на пари.

Поврзаноста со организираниот криминал

Финансиската полиција открива дека Пишители на времето соработувал со познатиот мафијаш од Камора, Микел Сенезе кој токму преку Фабрицио и неговиот брат Џенаро Сенезе склучувал зделки со кланот Абате. Се работи за шверц на хероин од Турција за Германија и на хашиш преку Шпанија.

Во 2014 Финансиската полиција од „Дијаболик“ и неговото семејство заплени добра во вредност од 2,4 милиони евра поради начинот на коj сето тоа било заработено. Пишители нелегално продавал реквизити со логото на Лацио, отворил фирма во која газди биле неговите сопруга и ќерка, држел 70% од акциите во ликвидираната фирма „Fans Edition“, а се појавувал и како претседател на културното здружение „Mr. Enrich“, всушност фирма на „Иридучибили“.

Пишители и фашизмот

„Ние сме фашисти, последните преживеани“. Вака Пишители gо коментираше инцидентот кога во мај бомба експлодира пред седиштето на неговата навивачка група, а се претпоставува дека зад истата стојат навивачите нa Аталанта и Рома чија идеологија е тотално различна од онаа на Лацио која го величи Бенито Мусолини.

„Ако сакаат да му се вратат на тероризмот од 70-тите, ние сме подготвени. Всушност, едвај чекам такво нешто, не им се плашиме“, рече тогаш Пишители. Бомбата дојде како одговот на транспарентот со омаж на Ил Дуче кој лацијалите претходно го истакнаа.

Многу порано, на 30 јануари 2000 година пред почетокот на натпреварот Лацио - Бари светот го обиколија слики од банерот на Курва Норд „во чест на тигарот Аркан“, српскиот воен злосторник Жељко Ражнатовиќ обвинет за геноцид против човештвото кој беше убиен две недели претходно.

Во 2017 токму „Иридучибили“ добија нов негативен публицитет. На натпреварот против Каљари на нивната трибина беше затворена поради расистичките скандирања на претходниот домашен натпревар против Сасуоло, па пулените на Пишители отидоа на Курва Суд, трибината на лутиот ривал Рома. Таму исполепија стикери со Ана Франк во дрес на Рома, како и пораки „Романистите се Евреи“.

А пак лани Пишители се „прослави“ со нова генијална идеја, забрана во првите десет реда од трибината да стојат девојки.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе