Lada – Porsche: Руско-германски проект кој никогаш не заживеа

Низ историјата, Porsche помогна во развојот на голем број модели на други производители пред да стане ексклузивниот производител каков што го знаеме денес.

Партнерствата во развојот на модели со производители како што се Opel, Audi, Renault, Seat или Mercedes-Benz не се невообичаени, но големо внимание привлече соработката со руската Lada во 1976 година кога беше создаден реткиот и уникатен прототип VAZ-Porsche 2103.

Произведен е само еден примерок, кој подоцна Советите ќе го одбијат, но и покрај тоа, оваа Lada дизајнирана во Porsche е чуден автомобил кој го надминува секој концепт на возило на кој некогаш работел Porsche. Сопственикот на брендот Lada, рускиот производител AvtoVAZ, е основан во 1966 година, откако склучил договор со Fiat за производство на лиценцирана верзија на нивниот модел 124.

Првиот модел беше VAZ 2101 познат како Zhiguli, а во 1970 година влезе во производство караван варијанта на VAZ 2102. Моделот набрзо стана најпродаваниот автомобил во Советскиот Сојуз, популарен во земјите од „Источниот блок“, па VAZ, кој моделот го извезуваше под брендот Lada, го лансираше и новиот модел VAZ 2103. Новиот VAZ 2103, како што го нарекуваа во Русија, беше создаден врз основа на Fiat 124 Special.

Виктор Пољаков, кој беше директор на AvtoVAZ, потпиша тригодишен договор за соработка со Ернст Фурман, тогашниот претседател на Porsche, во 1975 година, со кој  на AvtoVAZ му испорача половина милион германски марки од германската компанија за да ѝ помогне на Lada да развие нов модел. Во Porsche, прототипот го доби името VAZ-Porsche 2103, кој беше замислен како подобрена верзија на моделот 2103.

Задржани се шасијата и конфигурацијата на Fiat со погон на задните тркала и предниот мотор, а инженерите на Porsche додадоа голем број подобрувања. Суспензијата е рафинирана за подобра стабилност при големи брзини, а додадена е и подобра изолација на кабината. Додадени се и нов модерен кокпит со нови инструменти, волан инспириран од оној од Porsche 928, како и нови контроли за греење и ладење.

Моторот е редизајниран да вози на бензин со ниски октани, а додадени се и некои алуминиумски компоненти за да се заштеди тежина бидејќи, за разлика од оригиналниот Fiat 124 Special, VAZ 2103 тежеше 100 килограми повеќе. Визуелно беа отстранети сите хромирани детали, а познатата каросерија доби нова, помодерна пластична предна решетка и браници. Под хаубата, Porsche не направи никакви подобрувања: остана 1,4-литарскиот мотор од 75 КС, кој беше најмоќниот во стандардната понуда.

Кога Porsche им го претстави концептот ВАз- Porsche 2103 на Русите, предложи и можност за инсталирање на сопствен мотор, но беше предоцна. AvtoVAZ го отфрли проектот затоа што го прифатија својот, компаративно развиен за моделот VAZ 2106, кој беше завршен само неколку месеци подоцна.

Тој еден и единствен прототип на Lada- Porsche денес се наоѓа во приватната гаража на поранешен работник во Porsche. Сепак, соработката помеѓу Porsche и Lada за развој на возила не застана тука. Германците им помогнаа на Русите во подобрувањето на моделот Niva и во развојот на Samara. Така, сопствениците на Samara можеа да се пофалат дека токму Porsche работеше на развојот на моторот на нивните лимени миленичиња.

Тагови
реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

Која храна докажано го намалува нивото на холестерол?

Read more

Концепти

Hyundai повторно го произведе концептот Pony Coupe од 70-тите

Read more

Студенти направија автомобил што поминува преку 2.000 километри без полнење

Read more

Rimac Nevera собори 23 рекорди во еден ден

Read more

Alpine го претстави електричниот A290_β со централно возачко седиште

Read more
 

Автомобили

Пресметката е јасна: Еуро 7 ги поскапува автомобилите за 2.000 евра

Читај повеќе

Што означуваат зелените ленти што се појавија на патиштата во Словенија?

Читај повеќе

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Читај повеќе

Загадувањето од гумите е голем проблем - која е алтернативата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Aston Martin го претставува DB12 – разочарување на повеќе полиња

Читај повеќе
  • filter

Bentley ги претстави моделите Bentayga и Continental GTC Huntsman Edition

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Легендарната BMW Серија 5 првпат и „на струја“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Volkswagen ја најави премиерата на Touareg

Читај повеќе