УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Лајпциг и Лацио и на пролет во ЛШ, извиси Манчестер Јунајтед

Лацио и Лајпциг синоќа обезбедија европска пролет додека извиси Мначестер Јунајтед. Јувентус ја среди Барса среде „Камп Ноу“, а натпреварот во Париз беше прекинат.

Група Е

Челси не успеа да ги израдува гледачите присутни на „Стемфорд Бриџ“ кои прв пат сезонава имаа можност во живо да следат натпревар од Лигата на шампиони. Русите поведоа, иако водството траеше кратко, но „Сините“ до крајот не успеаја да постигнта гол за победа.

Челси - Краснодар 1:1
28' (п) Жоржињо - 24' Реми Кабежа

Севиља триумфално мина низ Рен со што со победа ја затвори групната фаза. Без разлика на резулттаот од Лондон, Севиља секако заврпуваше втора поради послаб меѓусебен скор против Челси.

Рен - Севиља 1:3
86' Жоржинио Рутер - 32' Жил Кунде, 45'+3, 81' Јусеф Ен Несири

Табела:

  1. Челси 14
  2. Севиља 13
  3. Краснодар 5
  4. Рен 1
Група Ф

На „Олимпико“ во Рим се одвиваше битка за месро во осминафиналето. На Лацио му одговараше и реми, додела белгиски Бриж одеше на победа, победа која не успеа да ја оствари.

Лацио - Бриж 2:2
12' Хоакин Кореа, 27' (п) Чиро Имобиле - 15' Руд Вормер, 76' Ханс Ванакен
Црвен картон: 39' Ердуард Собол (Б)

Борусија со победа во студениот Санкт-Петербург со пресврт го завери првото место во групата и во осминафиналта жрепка ќе добие условно кажано послаб противник.

Зенит - Борусија (Д) 1:2
16' Себастијан Дриуси - 68' Лукаш Пишчек, 78' Аксел Вицел

Табела:

  1. Борусија (Д) 13
  2. Лацио 10
  3. Бриж 8
  4. Зенит 1
Група Г

„Старата дама“ ја оствари невозможната мисија и не само што триумфираше среде Барселона, туку тоа го направи со три голови разлика, доволно за да ги надокнати оние 0:2 од Торино и да го преземе првото место во групата.

Барселона - Јувентус 0:3
13' (п), 52' Кристијано Роналдо, 20' Вестон МекКени

Битката за третото место и европска пролет преку Лига Европа ја доби киевски Динамо благодарение на голот на Попов по тчно еден час игра. Унгарскиот претставник сепак и со самиот пласман во Лигата на шампиони направи успех.

Динамо (К) - Ференцварош 1:0
60' Денис Попов

Табела:

  1. Јувентус 15
  2. Барселона 15
  3. Динамо 4
  4. Ференцварош 1
Група Х

Тимот на Оле Гунар Солскјер потфрли во можеби најважниот натпревар сезонава. Уште по 13 минути игра Лајпциг водеше со 2:0, во вториот дел постигна и трет гол, а Манчестер Јунајтед со два гола во полседните десетина минути го направи крајот неизвесен. Сепак, Лајпциг победи и патува во осминафиналето, додека Манчестер Јунајтед без разлика на исходот од натпреварот на ПСЖ ќе оди во Лига Европа поради посаб меѓусебен скор.

Лајпциг - Манчестер Јунајтед 3:2
2' Анхелино, 13' Амаду Хаидара, 69' Џастин Клајверт - 80' (п) Бруну Фернандеш, 82' (аг) Ибрахима Конате

Само 14 минути траеше натпреварот по Париз помеѓу францускиот и турскиот шампион. Поради недоразбирање за наводен расизам одстрана на четвртиот судија, фудбалерите се повлекоа од теренот, а УЕФА одлучи натпреварот да се доигра денес.

ПСЖ - Башакшехир прекинат

Табела:

  1. Лајпциг 12
  2. ПСЖ 9
  3. Манчестер Јунајтед 9
  4. Башакшехир 3
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more
 

Спорт

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе