Lamborghini го претстави најмоќниот модел досега
Како што и претходно беше најавено, Lamborghini го претстави својот нов автомобил – Sian Roadster.
Lamborghini Sian Roadster е модел без кров и најмоќниот модел во понудата на италијанската компанија.
Sian Roadster е најмоќниот Lamborghini на сите времиња. Го придвижува 6,5-литарски V12 мотор со 48 волти благ хибриден систем кој развива 819 коњски сили. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,9 секунди.
Ќе бидат произведени само 19 примероци од Sian Roadster.
Засега не е позната цената, но се шпекулира дека ќе чини 3,7 милиони долари.