Британската компанија Handsome Cabs својот возен парк го збогати со Lamborghini Huracan, автомобил што патниците ќе можат да го користат за матури, венчавки и деловни патувања.
Во ова импресивно возило можат да се возат двајца, возач и сопатник, а од компанијата се надеваат на голем успех.
„Мислиме дека овој автомобил ќе биде нешто поинакво во овој бизнис. Идејата ја добивме пред една година и направивме сè за да ја оствариме. Сметаме дека овој автомобил ќе ни помогне да се истакнеме од останатите“, велат од компанијата за The Sun.