Lamborghini исфрлен од Нирбургринг бидејќи бил прегласен

Каде да го тестирате најекстремниот Lamborghini Huracan ако не на познатиот Nürburgring Nordschleife.

Британскиот онлајн инфлуенсер, кој може да се следи на YouTube под прекарот Shmee150, ја претвори својата страст за возилата на четири тркала во профитабилен бизнис што му овозможи да стане сопственик на многу престижни суперспортски автомобили. Меѓу неговите најнови аквизиции е најекстремниот Lamborghini Huracan WTO. А каде е најдоброто место за тестирање на ваков автомобил, ако не на познатиот Нирбургринг.

За жал, раководството на тркачката патека не беше воодушевено од идејата. По завршувањето на првиот круг тој беше елиминиран додека чекаше ред за вториот обид и му беше забрането да продолжи да вози. Причината за тоа е сосема невообичаена: неговиот автомобил едноставно бил премногу гласен. Во текот на првиот круг беа измерени 134 децибели, што е за четири децибели повеќе од максимално дозволената јачина на звук.

Треба да се напомене дека Shmee150 го извозе првиот круг прилично резервирано, бидејќи болидот беше поставен на режим наменет за користење возила во секојдневниот сообраќај. Во исто време, максималната брзина што ја постигнал додека возел била „само“ 250 километри на час.

Во вториот круг имаше намера да вози малку поодлучно, во програмата Troffeo, што го прави издувот на возилото уште погласен, додека можностите на возилото се помалку ограничени.

Како што дозна Shmee150 од службениците на патеката, прегласниот звук од возилата на Lamborghini е чест проблем со кој се соочуваат.

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе