Лампард на прашањето за Меси и Роналдо: Меси е најголем поединечно, но…

Макфакс/Кајгана
/ 01.10.2024 / 20:32

Легендата на Англија и на Челси и поранешен играч на Манчестер Сити, Френк Лампард, по последниот тренерски ангажман во Челси, извесно време е без работа. Сепак, легендарната осумка сѐ уште ужива култен статус во јавноста, па на неговите изјави им се посветува големо внимание.

Лампард сега понуди одговор на вечното прашање за споредба на Лео Меси и Кристијано Роналдо: „Играв против двајцата, повеќе со Кристијано кога беше во Манчестер Јунајтед, а со Меси играв многу пати на големите натпревари помеѓу Челси и Барселона. Меси поединечно по талентот веројатно е најголемиот досега, според мене. Но, со Кристијано, она што го направи во однос на неговата работа, тренинзи и бројки, перформанси, голови и посветеност – дури и до ден-денес – значи дека тие се едноставно на врвот заедно. Морам да ги почитувам и двајцата на ист начин. Мислам дека не е фер да се обидуваме да го ставиме едниот над другиот. Мислам дека тие беа најдобри играчи и за мене е чест што можав да играм против нив, да бидам на теренот со играчи од тоа ниво“.

Лампард е без работа од крајот на предминатата сезона, кога беше привремен менаџер на Челси. Откако го водеше Дерби Каунти во плеј-офот за Чемпионшип (втора дивизија на Англија) во својата прва менаџерска работа, Лампард влезе во Лигата на шампионите и стигна до финалето на ФА купот како редовен менаџер на Челси. Потоа го водеше Евертон до опстанок во Премиер лигата пред да биде отпуштен, завршувајќи ја сезоната како привремен менаџер на Челси.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Груевски: Заев гради кула во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Фудбал

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Read more

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Read more

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more
 

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе