Британската автомобилска компанија го претстави ограниченото издание на моделот Defender V8 кој ќе се појави во најновиот филм за Џејмс Бонд.
Инспирирани од моделот кој е користен во новиот филм „No Time to Die“ чијашто светска премиера е закажана за 8 октомври, во Land Rover за 300 купувачи подготвија специјален Defender V8 на кој доминира црната боја.
Зад проектот кој настана во чест на британскиот таен агент Џејмс Бонд стои одделот Special Vehicles, a моделот го движи 5-литарски бензин V8 мотор со 22-инчни гуми.
Моторот развива 525 коњски сили и располага со 625 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/час развива 240 км/ч.
За основниот модел треба да се издвојат 122.748 евра.