Land Rover ја претстави специјалната верзија на моделот Defender.
Моделот е наречен Defender Trophy Edition и носи низа стилски карактеристики инспирирани од класичните off-road возила кои се натпреваруваа меѓу 1980 и 2000 година.
Сите примероци се лакирани во жолта боја, а моделот има интегриран воздушен компресор, степеници за пристап до кровот и гумени патосници.
Го движи 3,0-литарски 6-цилиндричен P40 мотор со турбо полнач и блага хибридна технологија кој развива 400 КС и 550 Nm максимален вртежен момент.
Од 0 до 100 км/час забрзува за само 6,1 секунди, а максималната брзина изнесува 208 км/ч.
Ќе се продава по цена од 90.000 долари, а ќе бидат произведени само 220 примероци.