Неодамна е претставена новата генерација на легендарниот британски теренски автомобил кој наскоро ќе се понуди и во комбинација со V8 мотор на кој ќе му асистира механички компресор.
Тековниот модел има верзии со четирицилиндричен и 6-цилиндричен бензин и дизел мотор, а според фотографиите кои го откриваат издувниот систем, Land Rover со полна пареа го тестира Defender кој го придвижува 5-литарски V8 мотор со механички компресор.
Од британската автомобилска компанија признаваат дека нивниот најголем и најмоќен мотор ќе биде забранет во некои европски земји поради строгите норми за емисија на издувни гасови.
Се очекува дека 5-литарскиот V8 мотор во Defender ќе биде послаб во односот на најмоќните модели на SUV на Range Rover и Jaguar.