„Landscape Еxperience” ќе ја претставува Македонија на 59. Венециско биенале

Изложбата  „Landscape Еxperience” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска ја претставува Република Северна Македонија на 59. Венециско биенале за ликовна уметност. Ќе биде отворена вечер во 18 часот во Македонскиот павилјон во Венеција, сместен на фреквентна локација во објектот Скуола деи Ланери.

На отворањето ќе се обратат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Националната галерија на Северна Македонија, Дита Старова-Ќерими, која е комесар на мултимедијалниот проект „Landscape Еxperience”

Тој вклучува видеоинсталации, објекти и фотографии, а во фокусот ја има „естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставени во нов контекст, со нови слоеви на транскрипција на диспозитивите: живот – смрт, убаво – грдо, витално – отровно.

-На критичко-дискурзивен начин авторите укажуваат на опасностите што демнеат доколку не се преземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни, експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски, во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите, соопшти Министерството за култура.

Куратори на изложбата се Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на РС Македонија, и Сања Којиќ Младенов, кустос советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад  и кустос на проектот „Евровизија“ (Evrovizion) во Одделението за визуелна уметност на ИФА во Штутгарт.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе