Лани склучени 13.814 бракови, бројот на разводи зголемен за 22,8 отсто

Во земјава лани биле склучени 13.814 бракови, што е зголемување за 2,4 отсто во споредба со минатата година, додека бројот на разводи е зголемен за 22,8 и изнесува 1.990 во минатата година, според податоците на Државниот завод за статистика.

Најмногу бракови 1.747 или 12.6 отсто, се склучени во месец август, а најмалку во месец  февруари, т.е. 809 или 5,9 отсто.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93,3 отсо за жените и 92,1 проценти за мажите.

Во втор брак со учество од 7,4 отсто и трет брак со учество 0,6 отсто, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2019 година, најголем број бракови 4.563 или 33 отсто се склучени кај жените на возраст од 25 до 29 години. Според возраста, и кај мажите најголемиот број бракови, односно 5.159 или 37,3 отсто, се склучени во истата старосна група од 25 до 29 години, покажуваат бројките на Заводот за статистика.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 26,9 години за невестата и 29,7 години за младоженецот.

Бројот на разводите во 2019 година бележи зголемување од 22,8 отсто во споредба со 2018 година и изнесува 1.990 разведени бракови.

Во текот на 2019 година, најмалку  бракови, односно 43 или 2,2 отсто се разведени во месец август, а најмногу, т.е. 244 или 12,3 отсто во месец ноември.

Според траењето на бракот, најголемиот број разводи, односно 430 или 21,6 отсто се случиле од пет до девет години по склучувањето на бракот.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Македонија

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Read more

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Read more

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Read more
 

Вести

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Читај повеќе

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Читај повеќе
  • filter

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Читај повеќе

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Читај повеќе

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе