Лансиран кинески робот за чистење на вселенскиот отпад

Во ниската орбита на Земјата е лансиран прототип на кинески робот кој има функција на чистење вселенски отпад.

Роботот NEO-01 поседува голема мрежа со која ќе го собира вселенскиот отпад, а неговата втора функција е да ги набљудува помалите небесни тела. Развиен е од компанијата Origin Space од Шензен, а тежи околу 30 килограми.

Од 50-тите години на минатиот век во ниската орбита на Земјата се лансирани илјадници сателити, а со текот на времето стануваат нефункционални и се претвораат во опасен вселенски отпад кој може да оштети или да уништи други функционални сателити или летала со екипаж.

Origin Space сака да лансира десетина вселенски телескопи и летала за да ја започне првата комерцијална операција на вселенско рударење ресурси од  астероиди до 2045 година.

Во моментов има околу 9.000 тони вселенски отпад во ниската орбита на Земјата, вклучително и телекомуникациски и GPS системи, како и системи за временска прогноза.

Кина ги забрзува плановите за спуштање сонда на астероид за да се соберат примероци, а забрзани се и плановите за креирање заштитен систем на Земјата од астероиди.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе