Лара Крофт е геј, а во новата игрица ќе биде во врска со жена?

Откриен е дел од сценариото на новата игрица „Tomb Raider“ од кое многумина се изненадија.

Компанијата Square Enix и развојното студио Crystal Dynamics под официјална закана од Digital Millennium Copyright Act во САД (DMCA) го принудија популарниот подкаст Sacred Symbols и неговиот автор Колин Мориарти да отстранат сè што тој зборуваше за сценариото на новата игрица „Tomb Raider“ во емисијата која се одржа на 29 јули.

Деталите за сценариото беа откриени во емисијата што се прикажуваше на наведениот датум, а адвокатите на двете компании веднаш по емитувањето отидоа директно на платформата Patreon преку која подкастот собира пари истиот ден и побараа сета содржина поврзана со необјавената игрица „Tomb Raider“ веднаш да се отстрани од емисиите.

Ова крена многу врева и привлече внимание ширум интернетот, бидејќи - штом реагираат од Square Enix и Crystal Dynamics, има причина за тоа - а потоа масло на огнот долеа и самиот автор кој изјави дека ќе го исполни барањето, т.е. дека содржината е веќе отстранета, но и дека не објавил ништо што украл, нешто што е лажно или што го стекнал незаконски. Во подкастот кој следеше по оној контроверзниот рече дека само го направил она што би го направил секој во овој бизнис, т.е. го објави она што неговиот извор претходно му го доставил.

Во спорната емисија Мориарти прочита дел од сценариото во кое покрај Лара учествуваат уште непознат машки и женски лик, а очигледно хемијата постои токму меѓу овие два женски лика. Исто така, во објаснувањето на поканата до британските актерки за новата игрицаа, заедно со описот на ликот на Лара, се наведува дека „има романтични сцени во играта со друг женски лик, но во нив не е вклучена голотија или симулација на секс.

Според описот на продуцентите на новата игрица, тие се во потрага по актерки кои се на возраст од 30 години, со светла кожа, високи и до 180 сантиметри, со атлетска градба и сличност на Емили Блант или Розамунд Пајк.

Што се однесува до краткиот опис на игрицата, тој оди вака:

„Лара Крофт сега е на својот врв. Помина времето на млада неискусна жена која се занимаваше со наследство и семејни спорови, Лара го остави своето детство зад себе и целосно го прифати животот полн со авантури. Нејзината легендарна кариера беше прославена во печатот и таблоидите, со приказни за авантури кои ја инспирираа новата генерација на Тумб Рејдери да ја бараат својата среќа во светот. И со оваа нова фаза од нејзиниот живот, Лара целосно го прифати своето место меѓу урнатините.

Долги години, Крофт патуваше низ длабочините на заборавените места, си играше мачка и глушец со многу гнасни противници и работеше на откривање, зачувување и заштита на изгубените тајни на светот од паѓање во погрешни раце. Но, како што минуваа годините, Лара стана осамена, таму на врвот. Почетокот на следното поглавје ѝ претставува на Лара суштински и возрасен проблем и соочена со нешто преголемо за таа да може сама да се справи и понатаму во оваа авантура. Лара ќе се соочи со предизвик кој може да го надмине само со својот тим покрај неа. Соработката ѝ е туѓа. Секогаш се снаоѓала сама. Така, во оваа ситуација, таа е далеку од теренот на кој е навикната...“

Интересно е што во овој краток опис не се споменува она што го раскажа подкастот, но реакцијата на двете компании му даде кредибилитет на сето она што се читаше во емисијата, а многумина се прашуваат како сега Лара наеднаш сака жени, кога речиси три децении немаше никакви навестувања за тоа, особено не преку филмовите што се снимаа за неа и во кои немаше партнерки.

Она што досега го знаеме за новата игрица „Tomb Raider“ е дека ќе биде модерна сага во Unreal 5 Engine, а претходно ја очекуваме и аниме серијата „Tomb Raider“, која би можела да се занимава со прашања поврзани со овие работи...

Ќе видиме што ќе донесе новата игрица, а дотогаш сигурно ќе слушнеме повеќе.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Гејминг

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Read more

Не оди сѐ по планот: За GTA VI веројатно уште долго ќе чекаме

Read more
 

Гик

  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе
  • filter

Vivo ја претстави новата X Fold3 серија смартфони

Читај повеќе

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Читај повеќе

Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Читај повеќе

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Читај повеќе