Лауреатот Стево Симски е добитник на наградата „Григор Прличев“

Симски наградата ја доби за неговата поема „Таинството на богомилите“ која му беше доделена во Охрид за време на манифестацијата „Прличеви беседи“.

„Големо е чувството на радост кога се добива наградата што го носи името „Григор Прличев“, особено тука во градот на македонската светлина, на македонската култура, духовност, државност, просветителството… градот Охрид што е лулката на плејада личности значајни за сите сегменти од растежот на Македонија. Особено ме гордее што оваа година ја добиваам наградата за поема во светлото на големиот Прличев“.

Ова го истакна Стево Симски, годинашниот добитник на наградата за најдобра поема „Григор Прличев“ на денешната свеченост што во негова чест се одржа во Охрид, во рамки на традиционалната културна манифестација „Прличеви беседи“, со која се одбележуваат 127-годишнината од смртта на охридскиот и македонскиот поет и преродбеник, како и јубилејните 190 години од раѓањето на Прличев и 160 години од издавањето на неговото најпознато дело, поемата „Сердарот”.

За поемата како посебен литературен израз Симски рече дека е своевиден роман, движење, ликови, состојби…

„Овој пат со поемата „Таинството на богомилите“ сакав да чепнам малку во она што сме го подзаборавиле, тоа е женската енергија. Женската енергија што ранохристијанството ја прави, се потврдува овде во Охрид со прекрасниот храм на Света Софија, како олицетворение на светата мудрост“, рече Симски.

За неговата наградена творба „Таинството на богомилите“ жири-комисијата оцени дека се работи за значајно поетско остварување, што со самиот наслов преку асоцијативност авторот открива проблематика што умешно комуницира со мошне важни сегменти од македонската историска стварност, со корените на словенската писменост.

„Поемата опева важно загадочно движење што проникнало од Македонија, Богомилското движење во чија основа сѐ што се идентифкува како материја се идентификува и со дијаболизмот, за понатаму низ прекрасни слики, симболи, во посебни поетски наративни минијатури го открива дејството што е мошне добро разработено и тоа низ посебни поетски сегменти, поднаслови од кои секој поединечно може да се издвои како дел на поетска композиција во состав на големата поема, рече, Маја Јакимовска-Тошиќ, член на стручната жири-комисија.

Манифестацијата „Прличеви беседи“ што се организира во чест на охридскиот преродбеник продолжува утре со повеќе содржини. Делегации ќе го посетат гробот на Прличев каде ќе се одржи и панихида, редовно се одржува и „Прличевата визита“, а ќе биде промовирана и книгата „Антологија на ловорот“, што ја изготвија проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, како и делото „Лични навраќања кон Григор Прличев“ од проф. д-р Вера Стојческа Антиќ.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе