Лавров до Западот: Престанете да се мешате во внатрешните работи на Србија

Макфакс
/ 17.02.2025 / 18:15

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави денеска дека Русија го осудува мешањето на други, пред сѐ западни земји, во внатрешните политички процеси на Србија.

На прес-конференцијата по средбата со шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ во Москва, Лавров истакна дека српското раководство и претседателот Александар Вучиќ имаат поддршка од Русија во нивните напори да спречат дестабилизација на ситуацијата во земјата.

Тој, исто така, рече дека инсистира да се запре со ваквите практики.

„Претседателот Вучиќ презентираше конкретни факти за грубото мешање на странски држави во внатрешно-политичките процеси во Србија. Ја осудуваме оваа практика и инсистираме принципот на немешање во внатрешните работи цврсто да се почитува од сите, а пред сè од нашите западни колеги кои долго време ги градат своите активности користејќи ги т.н. невладини фондови, на сметка на американските нарачки, па сè до државните наредби, со цел да се добие поголемо влијание во нивна корист, игнорирајќи ги фундаменталните интереси на луѓето од тие земји“, рече Лавров.

Тој додаде дека е задоволен од разговорот со министерот Ѓуриќ.

реклама

Свет

Израел и Либан ќе одржат втора рунда преговори за три дена во САД

Read more

Паѓа рејтингот на Трамп: Најнизок во неговиот втор мандат

Read more

Лукашенко му се закани на Западот: Не дај Боже...

Read more

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Read more
 

Вести

Израел и Либан ќе одржат втора рунда преговори за три дена во САД

Читај повеќе

Паѓа рејтингот на Трамп: Најнизок во неговиот втор мандат

Читај повеќе

Лукашенко му се закани на Западот: Не дај Боже...

Читај повеќе

Трамп: Израел не ме наговори на војна со Иран

Читај повеќе

И Кина се огласи за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Кој е Румен Радев и каков бил неговиот политички пат?

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе

Нетанјаху го осуди сквернавењето на статуа на Исус од страна на војник на ИДФ во Либан

Читај повеќе

Кои европски земји ќе бидат најбогати до 2030 година?

Читај повеќе