Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Макфакс
/ 18.02.2025 / 19:39

Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија, кој беше дел од делегацијата во Ријад, на прес-конференцијата рече дека Русија и САД се договориле да создадат услови за целосно обновување на соработката меѓу двете земји.

Лавров вели дека за време на средбата било забележано дека Доналд Трамп бил „првиот од западните лидери“ кој изјавил дека „воведувањето на Украина во НАТО е една од најголемите грешки на Бајден“.

Тој додава дека Путин во неколку наврати објаснувал дека проширувањето на НАТО и приемот на Украина во алијансата би претставувале „директна закана“ за Русија.

„Секое појавување на вооружените сили под некои други знамиња не менува ништо. Ова, се разбира, е целосно неприфатливо“, вели тој.

Лавров изјави дека руската и американската делегација на разговорите во Ријад „не само што се виделе туку и се сослушале“ и најави претстојно отворање на амбасади во двете земји.

Рече дека двете страни се договориле да се обезбедат најбрзо можно именување амбасадори во двете земји и отстранување на бариерите што американската администрација, особено онаа на претходниот претседател Џо Бајден, долги години ги поставуваше меѓу дипломатските претставништва.

Тој додаде дека заемното присуство на амбасадите било „практично договорено“, односно дека двете страни се договориле дека треба да ги решат прашањата за функционирањето на дипломатските претставништва, пренесува The Guardian.

Ги оцени разговорите меѓу двете делегации како многу корисни.

„Јас ги имам сите причини да верувам дека американската страна ја разбира нашата позиција“, вели тој. Лавров нагласи дека двете страни се договориле што е можно поскоро да го започнат процесот на мировни преговори за Украина.

Тој изјави дека Русија ќе почека САД да ги потврдат своите претставници за преговорите, а потоа ќе назначи свои. Лавров потврди дека договорените точки создаваат услови за поширока соработка меѓу САД и Русија, вклучително и продолжување на консултациите за геополитички прашања, како и отстранување на вештачките бариери на патот кон заемно корисна економска соработка, пренесува Танјуг.

Тој исто така посочи дека постои заедничка желба да се најдат решенија за војната во Украина. Лавров рече дека ги информирал своите американски колеги дека е неприфатливо за Русија испраќањето странски контингент од земјите на НАТО во Украина, пренесе РИА Новости.

„Појавувањето на вооружените сили од истите земји на НАТО, но под странско знаме, под знамето на Европската Унија или под национални знамиња, не менува ништо во овој поглед. Ова е, се разбира, е неприфатливо за нас“, рече Лавров.

реклама

Свет

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Read more

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Read more

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Афера го тресе Пентагон, се бара оставка од Хегсет

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе