Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги негираше шпекулациите дека претседателот Владимир Путин е тешко болен, пренесе Guardian.
Лавров за француските медиуми изјави дека „нормалните луѓе не можат да видат знаци на болест или тегоби кај Путин“. Тој изјави дека претседателот во октомври ќе наполни 70 години, а во јавност се појавува секој ден.
Во коментари објавени од руското Министерство за надворешни работи, Лавров ги повтори овие ставови.
„Неговите говори може да ги слушате и гледате на екраните“, изјави Лавров.
Тој ги коментираше и бројните наводи за тоа дека Путин е болен од карцином.
„Тоа го оставам на совеста на оние кои шират такви шпекулации“, додаде Лавров.
Здравствената состојба и приватниот живот се табу тема во Русија и за нив скоро никогаш не се зборува во јавност.