Лавров: Русија категорично ги отфрла новите американски санкции

Москва, 10 август 2018 (МИА) - Москва категорично ги отфрла новите санкции што САД ги воведоа кон Русија, му порача денеска во телефонски разговор рускиот министер Серегеј Лавров на американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Од руска страна беше порачано дека катергорично ги отфрла санкциите, што неодамна ги најави Вашингтон врз основа на претпоставената информација за учество на Русија во т.н. случај Скрипал“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи за телефонскиот разговор Лавров-Помпео.

Американскиот Стејт департмент во средата соопшти дека САД на 22 август ќе воведат нови санкции кон Русија, поради „употребата на хемиско оружје во обидот за атентат“ врз поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал во Велика Британија.

Во соопштението натаму се наведува дека Лавров и Помпео се договориле да продолжат со дијалогот за сите теми што се во интерес на Москва и Вашингтон.

„Разгледани беа серија прашања од меѓународната агенда, вклучително и за состојбата во Сирија, како и други теми за кои разговараа претседателите на Русија и САД во Хелсинки на 16 јули“, се наведува во соопштението, во кое се нагласува дека телефонскиот разговор се одржал на иницијатива на Вашингтон.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе