Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров смета дека САД нема да изведе напад над Северна Кореја, бидејќи се сигурни дека Пјонгјанг има нуклеарно оружје.
„Американците го нападнаа Ирак само затоа што беа сто отсто сигурни дека таму нема никакво оружје за масовно уништување“, изјави Лавров во интервјуто за телевизијата НТВ.
„На тој начин Американците нема да ја нападнат Северна Кореја, бидејќи не само што се сомневаат, туку точно знаат дека таа има нуклеарна бомба“, смета Лавров.
Одговарајќи на прашањето како да се прекине оваа серија на взаемни навреди меѓу Вашингтон и Пјонгјанг изминативе неколку дена, Лавров истакна дека тоа треба да се направи смирено, со сугестии и убедување.