ЕХФ ЕУРО 2022 УНГАРИЈА / СЛОВАЧКА

Лазаров: Црна Гора не е за потценување, но колективно сме поквалитетни

Македонската ракометна репрезентација го остави зад себе вчерашниот незаслужен пораз од Словенија на стартот од Европското првенство во Дебрецен и го насочи фокусот кон утрешниот натпревар против Црнa Гора во рамки на 2. коло во групата А.

Селекторот Кирил Лазаров на денешната прес-конференција најави дека „Црвено-жолтите“ ги очекува уште еден тежок натпревар, но изрази уверување дека македонските ракометари можат да дојдат до победа доколку не ги повторат техничките грешки од дуелот со Словенија.

„Во ниту еден случај не сакам да ја потценам Црна Гора. Напротив, имаат добри индивидуалци, дури можеби и подобри од нашата репрезентација, но мислам дека сме поквалитетни како колектив. Дополнително ќе ја анализираме нивната игра и во овој момент не би сакал да ги отворам картите“, изјави Лазаров.

Тој рече дека од нив зависи дали ќе остваруваме добри резултати во иднина или не.

„Во секој случај, не треба да се оптоваруваме со противниците, туку да се концентрираме на себеси. Од нас зависи дали ќе остваруваме добри резултати во иднина или не. Противниците ќе бидат само посилни, бидејќи сите во Европа работат квалитетно. Фокус и концентрација е првото нешто што го барам од играчите. Ме водат и мене емоциите, но имавме премногу индивидуални грешки во краток период против Словенија. Ќе им го пренесам ова на моите играчи на еден позитивен начин и тие треба тоа да си го стават во глава за идните натпревари“, додаде Лазаров.

Голманот Мартин Томовски, кој вчера имаше фантастично издание со 14 одбрани во дуелот против Словенците, истакна дека клучно за успех против Црна Гора ќе биде да се коригираат недостатоците од воведниот натпревар.

„И покрај поразот вчера имаше многу позитивни моменти. Игравме побрзо и поубедливо, а одбраната беше на едно повисоко ниво. Денес е нов ден и ќе се обидеме да ги коригираме сите наши грешки и недостатоци. Верувам дека ќе се радуваме на победа против Црна Гора“, изјави Томовски.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе