СВР Куманово поднесе кривична пријава против 44-годишниот М.Д. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот од април, 2015 година до 22 август годинава на И.Х.(51) и А.И. (43), двајцата од Куманово, им ветил дека ќе им посредува да добијат бугарски пасош, за што во повеќе наврати им зел вкупно 3 500 евра.