Лажен принц на Македонија и Црна Гора уапсен во Италија

Италијанската полиција соопшти дека го уапсила Стефан Чернетиќ кој се самопрогласил за принц на Црна Гора и Македонија и уште едно лице кое се претставувало како македонски амбасадор во Италија.

Двајцата уапсени патувале низ Италија со возило „Mercedes“ со црногорски знаменца и амблеми на дипломатски кор и нуделе економски, културни, меѓурелигиски и други видови соработки меѓу Црна Гора и Италија.

Според италијанските медиуми, директен повод за тужбата против Чернетиќ била сметката што луксузна вила во Апулија ја доставила до амбасадата на Македонија.

Другиот осомничен С.С. е италијански државјанин кој патувал со него и се претставувал како амбасадор на Македонија во Италија. Тој и претходно бил обвинет за лажно претставување. Двајцата гратис отседнале во вилата од 25 до 31 јули, 2016 година, со лажните идентитети.

Постигнале толкав успех во нивните измами што воделе официјални разговори со тамошните бизнисмени, политичари, па дури и претставници на Католичката црква.

Сето тоа резултирало со медиумско внимание, но исто така го привлекло вниманието на тамошното Министерство за надворешни работи каде била отворена истрага.

Дипломатскиот кор на италијанското министерство ја известило полицијата дека извезен „Стефан Чернетиќ“ во текот на неговата последна посета на регионот Апулија користел возило „Mercedes“ со ознаки на Република Црна Гора и налепници од дипломатски кор, а не е службеник на Амбасадата на Црна Гора во Италија.

Неколкумесечната истрага во која во еден период била вклучена и војската, резултираше со апсење на Чернетиќ и неговиот соработник С.С.

Двајцата се товарат за лажно претставување, користење лажен идентитет и за фалсификување документи.

При претресот на „резиденцијата на принцот“ полицијата нашла разни документи што ги издавал Принцот на Црна Гора и Македонија, од пасош со грбот на неговото кралско семејство до разни дипломи и признанија.

Чернетиќ по професија е гастрономски новинар. Неговиот „кралски живот“ се сведувал на организирање хуманитарни вечери за кои гостите плаќале влезници, а тој во зависност од сумата ги рпогласувал за витези и им доделувал други признанија.

Тој успеал да ја измами и поранешната актерка, а сега активистка Памела Андерсон и да ѝ даде титула грофица на еден од неговите „кралски“ настани.

Чернетиќ и неговиот соработник на интернет создале лажен идентитет што очигледно им служел како одличен извор на заработка.

Јавно, преку социјалните мрежи, двајцата пропагирале продажба на нивните „производи“: пасоши, титули, дипломи и официјални документи.

Одвреме-навреме „принцот“ најавувал дека наскоро ќе се врати „дома“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе